Шишкарев и Вардар ја продолжија соработката за следната сезона

0

Десното крило на РК Вардар Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде дел од Вардар. Рускиот интернационалец и раководството  на македонскиот повеќекратен ракометен првак договорија соработка и за сезоната 2017/2018 со што Шишкарев ќе остане во Скопје.

За Шишкарев играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е член на нашиот шампион. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Газпром лигата.

Во пролетниот дел од сезоната на неколку натпревари Шишкарев особено се истакна постигнувајќи серија на голови, а првпат со Вардар и вторпат во кариерата ќе игра и на Ф4 турнирот во Келн, во лигата на шампионите. Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од лигата на шампионите, од што пет на последниот четврт-финален натпревар против Флензбург во Скопје.

Share.

Leave A Reply