Шкендија ја доби првата пресметка со Вардар

0

Стартуваше новата сезона во ПМФЛ, а ждребката сакаше токму во првото коло да се сретнат и најголемите кандидати за титулата Шкендија и Вардар. Овие две екипи веќе наредната недела ги очекува настап во плеј-офот нза пласман во Лига Европа па затоа го одиграа својот натпревар денес.

Македонскиот шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај тетовска Шкендија со 2:0, но она што е за одбележување е тоа што Вардар во текот на целиот натпревар упати само еден удар во оквир на голот на Шкендија.

Домашната екипа беше подобар противник и сосема заслужено дојде до победа на оваа дерби со головите на Алими во 61.минута и Жуниор во 66.минута. Сега двете екипи веќе ќе можат да размислуваат за средбите со Милан и Фенербахче.Во вториот натпревар одигран денес во Скопје, Работнички и Ренова одиграа без голови 0:0.

Останатите дуели од 1. коло се играат утре. Дерби ќе има во Прилеп, каде Победа го дочекува Пелистер, а новакот Академија Пандев гостува на „Чаир“ против Шкупи. Во последниот меч Силекс во Кратово е домаќин на Скопје.

Share.

Leave A Reply