Естонскиот состав Номе Калју ќе и биде противник на Шкендија во првото елиминациско коло во Лигата на фудбалските шампиони.
На денешното формирање на двојките во Нион, тетовци го добија најлесниот противник од можните пет во групата на неносители.
Првите мечеви ќе бидат одиграни на 9 и 10 јули додека возвратните се предвидени за 16 и 17 јули. Македонскиот шампион прво ќе гостува во Естонија а потоа во реваншот ќе ја има предноста на домашниот терен.