Шкендија отпадна од трката за двојната круна

0

Беласица, Академија Пандев, Победа и Македонија Ѓорче Петров, го продолжуваат патот кон победничкиот пехар во фудбалскиот Куп на Македонија.

Во денешните реванши од 1 /4 финалето, прилепчани успеаа по втор пат да ја совладаат Шкендија сега со 2-0 и со вкупни 3-0 да ја спречат да го брани бехарот од претходната сезона. Беласица и во реваншот славеше против Силекс со 2 спрема 0 како што беше и во првиот меч во Кратово.

Академија Пандев доминираше на гостувањето кај Кораб и победи со убедливи 6 спрема 1. Тимот од југот на земјава и пред реваншот имаше одлична предност на хартија од 3 спрема 1. Место меѓу најдобрите четири екипи во завршницата од најмасовното клупско натпреварување кај нас обезбедија и фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ славеа на гостувањето кај Работнички со 1 спрема 0 со што само ја потврдија минималната победа од првиот натпревар кога ја имаа улогата на домаќини.

 

Share.

Leave A Reply