Шкендија подготвена за реваншот во Скопје, посакува уште една победа

0

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија е подготвен за првиот домашен предизвик во Европа за оваа сезона. По победата на гостински терен кај Номе Каљу од 1:0, екипата на Шкендија како фаворит го пречекува противникот на домашен терен, а тренерот Ќатип Османи е оптимист за овој меч.

„Ги анализиравме грешките што ги направивме на првиот меч со Номе Каљу. На реваншот сме оптимисти и очекуваме да поминеме во второто коло. Имаме резултат, но 1-0 ништо не ни гарантира. Фудбалот понекогаш знае да донесе изненадување. Максимално сериозно да го сфатиме противникот. Составот ќе бире ист како на првиот меч, Шкендија и утре треба да атакува на победа. Овој резултат дозволува малку тактизирање, но не мора да биде пресуден“, изјави Османи.

На прес-конференцијата пред мечот со Номе Каљу зборуваше и капитенот Арменд Алими кој е оптимист дека неговата екипа ќе слави и на втората средба.

„Имаме добар резултат, но не значи дека се е завршено. Има уште 90 минути, па да одиграме најмалку како на првиот меч. Знаеме дека доминиравме на мечот, имавме посед, добри шанси, ни фалеше реализација. Првите мечеви се тешки, со тек на времето ќе имаме подобра форма и утре ќе се поправиме. Шансите се на наша страна да го минеме овој круг, ама се ќе биде џабе ако не победиме и не поминеме“, изјави Алими.

Доколку го помине Номе Каљу, во втората фаза речиси сигурно е дека ќе игра со шкотскиот гигант Селтик кој славеше во Сраево и е пред пласман во второто квалификациско коло. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје меѓу Шкендија и Номе Каљу се игра во вторник, од 17:00 часот.

Share.

Leave A Reply