Шкупи одигра 3:3 на гостувањето кај Пјуник (ВИДЕО)

0

Иако водеа со 3:1, фудбалерите на Шкипи на крајот се спасуваа од пораз на гостувањето кај Пјуник во првиот меч од квалификациите во Лигата на Европа. На гостувањето во Ереван, Шкупи прими гол уште по само 4 минути игра, откако од пенал домашните преку Варданјан победоа со 1:0.

Шкупи брзо се врати по стартниот шок, па со својот прв гол во 26 минута, Бајрами успеа да израмни. До крајот на првиот дел, чаирчани искористија уште една шанса, па со голот на Илиески во 43. минута поведа со 2:1.

Во вториот дел Шкупи продолжи со добрата игра, која Бајрами со својот втор гол ја претвори во водство од 3:1 во 60. минута. Потоа следуваа минути на домашните. Жестокиот притисок се исплатеше во последните 10 минути кога  Жестоков 81., и Манучарјан 86. се потрудија да донесат израмнување за конечни 3:3.





Share.

Leave A Reply