Шкупи против футсал шампионот на Ирска во квалификациите за ЛШ

0

Футсал шампионот на Македонија, Шкупи денес го доби противникот за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Футсал.

Ждрепката беше одложувана двапати, но денес тимот од Чаир го доби шампионот на Ирска за противник. Шкупи во првото квалификациско коло ќе игра против Блу Меџик Даблин, а победникот од овој натпревар ќе се пласира меѓу 32-те најдобри футсал екипи во Европа.

Според правилата, Шкупи треба да биде домаќин, а натпреварот ќе се одигра во периодот од 24 до 29 ноември. Терминот и местото на одигрување на средбата треба да биде утврден дополнително.

Share.

Leave A Reply