Ракометниот репрезентативец на Швајцарија, Енди Шмит, ја продолжи соработката со германскиот состав Рајн Некар Левен до 2022 година што практично значи дека таму ќе ја заврши и кариерата. Тој во 2010 година го напушти тимот на Манхајм и потпиша долгорочна соработка со „лавовите“.
35-годишниот среден бек стана првак на Германија во 2016 и 2017 година а во двете сезони беше издвоен и како најдобар ракометар во екипата. Во исто време тренерот на бундес –тимот, Николај Јакобсен, најави дека во наредниот период ќе им бидат продолжени договорите на уште неколку ракометари.
Ќе потсетиме дека Рајн Некар Левен за кого игра и нашиот репрезентативец, Филип Талевски, се наоѓа во истата група со Вардар во тековнава сезона во Лигата на шампионите.