Шо доби пофалби од Мурињо

0

Левиот бек на Манчестер  Јунајтед, Лук Шо, по точно 219 дена повторно се појави на теренот. Фудбалерот кој беше замрзнат на клупата од страна на тренерот , Жозе Мурињо, конечно доби шанса на вчерашниот меч со ЦСКА Москва во Лигата на шампионите. Неговиот солиден настап со пофални зборови го прокоментира и „специјалниот“.

„Лук Шо навистина беше добар особено во офанзивата. Имаше одлично влијание на играта и му помогна на тимот. Тој чекаше за настап толку долго време иако заслужуваше такво нешто“ вели Мурињо.

„Тој успеа да издржи цели 90 минути. Искрено, навистина сум задоволен од тоа што го покажа на теренот“ потенцирал португалскиот стратег за играта на Лук Шо.

Share.

Leave A Reply