Шок на „Етихад“: Манчестер Сити казнет, нема да игра во Лигата на шампионите

0

Како бомба одекна веста дека Манчестер Сити доби забрана за настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони. Оваа одлука беше донесена од страна на УЕФА поради кршењето на правилникот за финансискиот фер-плеј.

Манчестер Сити исто така ќе мора да платат 30 милиони евра. Главен виновник за откивање на сето ова е весникот „Шпигел“ од Германија. Тие објавија мејлови и документи кои покажаа како сопственикот на тимот од „Етихад“ го финансирал клубот.

Еден од документите покажа дека само осум милиони фунти пристигнале од спонзорот „Етихад“, а сите останати средства директно од компанијата на Мансур бин Зајед Ал Нијан, „Абу Даби Групс“.

Од страна на Манчестер Сити ги одбија сите обвинувања и тврдеа дека документите на германскиот медиум се измислени и лажни, но така не сметаше УЕФА. Се очекува жалба од страна на премиерлигашот во наредните неколку дена, но прашање е колку тоа може да ја смени оваа одлука на УЕФА.

Share.

Leave A Reply