Шок за навивачите на Рома, Тоти го напушта клубот !

0

Легендата за Рома, Франческо Тоти, ќе го напушти клубот, објави „Кориере Дело Спорт“, а истата информација ја пренесоа и останатите медиуми.

Поранешниот капитен на „волчицата“ очекуваше средба со раководството на клубот за да разговараат околу неговата иднина во клубот, но тоа не се случи. Тоти одлучил да го напушти својот омилен клуб поради недразбирањето со претседателот на тимот Џејмс Палота.

Неговата одлука ќе биде објавена на прес-конференцијата во понеделник. Оваа информација за напуштање на Рома од страна на Тоти доаѓа кратко време по завршувањето на кариерата на Даниел Де Роси, што беше сериозен удар за навивачите на Рома.

Share.

Leave A Reply