Шпанците полетаа кон Скопје, најавуваат борба за три бода

0

Противникот на нашиот фудбалски шампион, Вардар, во Лига Европа, тимот на Реал Сосиедад, утринава со чартер лет полета кон Скопје, каде утре на „Филип Втори“ ќе го одигра натпреварот од 3.коло во Лига Европа.

Како што беше најавено тренерот на шпанскиот тим, Еузебио Сакристан, на списокот на патници за Скопје има 20 фудбалери, меѓу кои ѕвездите Аднан Јанузај, Карлос Вела и Иљараменди, но поради повреда во Шпанија останаа Агирече и Зурутуза.

Вечерва во 18.15 Реал Сосиедад ќе ја одржи официјалната прес-конференција, а веднаш потоа е закажан и официјалниот тренинг на теренот каде утревечер ќе играат против Вардар. Според најавата тренингот на Реал Сосиедад ќе биде од затворен карактер.

По првите две кола Вардар има два порази, а Реал Сосиедад има победа на Розенборг со 4:0 на домашен терен и пораз во второто коло со 3:1 на гости кај Зенит.

Share.

Leave A Reply