Шпанците преземаат конкретни мерки на претпазливост

0

Претседателот на фудбалската Ла Лига, Хавиер Тебас, ги уверува сите во Шпанија дека е крајно внимателен во врска со проблемот со корона-вирусот.

Во тој правец е формирана посебна комисија за да се анализира состојбата за секој натпревар и да се разгледа дали е потребно да се затвори стадионот за навивачите или дури и да се одложат натпреварите. Во моментов во земјата има 32 лица заболени од корона-вирусот.

„Ние не импровизираме, ние следиме детални информации и подготвени сме да одговориме кога е потребно“ – рече Тебас.

Share.

Leave A Reply