Шпанците се фаворити, гостите ќе бараат сензација

0

Барселона предводена од Лео Меси денеска на „Камп Ноу“  треба да го заврши започнатото во Англија на теренот на Манчестер Јунајтед. Каталонците на „Олд Трафорд“ славеа со 1:0 со што ја отворија вратата за пласман во 1/2 финалето во Лигата на шампионите.  Во исто време, „црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе можат да го повторат успехот од предходната фаза кога го елиминираа фаворитот ПСЖ и тоа на негов терен во Франција. Во секој случај избраниците на Солскјер немаат што да загубат и затоа ќе излезат на теренот без посебен притисок и со желба да направат нова сензација.

Аанализите велат дека шпанскиот состав е многу поискусен кога станува збор за ЛШ и затоа многу авторитетни фудбалски личности ја гледаат Барселона меѓу најдобрите четири екипи во ффудбалскаат елита во Европа. Гостите ќе бидат без Лук Шо, кој е казнет поради акумулирани жолти картони додека  Андер Еера и Ерик Баи, не заминаа за Барселона. Иако во тимот на Манчестер Јунајтед се вратија рековалесцентите Немања Матиќ, Алексис Санчез и Матео Дармијан,  малку е веројатно дека некој од нив ќе започне како стартер. Тимот на Барселона нема пораз на домашен терен во 30 натпревари во Лигата на шампионите, во нив има забележано дури 27 победи. Барса последен пат беше совладана на „Камп Ноу“ во 2013 година од Баерн Минхен.

Ѕвездата на домаќините Лионел Меси ќе започне од првата минута. Аргентинецот во меѓувреме направи мала пауза откако доби тежок удар во лицето од дефанзивецот, Крис Смолинг, во првиот натпревар на “Олд Трафорд”.  Домашниот тренер ќе ги има на располагање и Серџи Роберто, Иван Ракитиќ и француската ѕвезда, Осман Дембеле. Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Лангле, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Меси, Суарез, Дембеле. За Манчестер Јунајтед: Де Геа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Далот, Погба, Фред, Мактомини, Марсијал, Луккау, Рашфорд. Мечот ќе го суди Фелкикс Брих –Германија.

 

Share.

Leave A Reply