Шпанецот бил разочаран од возењето на дел од конкурентите

0

Возачот на Хонда во Мото Гран При шампионатот, Марк Маркез, кој успеа да ја продолжи доминацијата на патеката во Германија, вели дека очекувал многу повеќе од членовите на Дукати.

Актуелниот светски шампион на вчерашната трка на патеката – „Заксенринг”,  успеа да ја забележи деветтата последнователна победа. Веднаш зад него завршија членовите на Јамаха, Валентино Роси и Марк Винјалес.

„Видов дека Лоренцо притиска во почетокот а потоа одеднаш почна да забавува. Тогаш си реков дека е моментот да ја направам разликата. Довициозо беше многу брз на загревањето и на тренинзите, но, додека траеше трката, изгледа ја немаше потребната брзина “, рече Маркес.

 

Share.

Leave A Reply