Марк Маркез, кој има седум титули светски шампион, беше успешно опериран и во наредните шест недели ќе биде на рехабилитација. Актуелниот првак „кралската класа“,во Мото ГП , во текот на целата сезона имаше проблеми со левото рамо по што се определи да се подложи на хируршки зафат.
Маркез ќе остане во медицинскиот центар уште 48 часа а потоа ќе се врати во неговиот дом и таму ќе го продолжи лекувањето.
Се предвидува дека Шпанецот кој се наметнува како главен кандидат за титулата и во наредната сезона која ќе стартува на 10 март, ќе биде во можност да се појави на патеката во „Сепанг“, во Малезија кога ќе се реализираат претсезонските тестови.