Шпанецот брои до 50 победи

0

Возачот на Хонда, Марк Маркез, дојде до шестата сезонска победа во кралската класа во Мото ГП-шампионатот откако попладнево доминираше на трката во Брно.

Шпанецот на трката за Големата награда на Чешка ја оствари јубилејната 50-та победа во најсилната конкуренција во светскиот шампионат. Второто место му припадна на Андреа Довициозо од Италија а третото на Џек Милер од Австралија. Маркез денеска стана  четвртиот мотоциклист кој стигнал до бројката од 50 победи во најсилната – „Кралска класа“.

Тој по десет трки останува лидер со 210 бодови пред се конкурентите од Дукати, двајцата Италијанци, Довициозо со 147 и Петручи со 128 бодови. Наредната трка ќе биде реализирана на 11 август за Големата награда на Австрија.

Share.

Leave A Reply