Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доживеа страшен пад на патеката Сепанг во квалификациите за ГН на Малезија.
Возачот на Репсол Хонда буквално беше лансиран од моторот и вистинско чудо е како остана без посериозни повреди. Маркез падна директно на колената, но, веднаш стана и ги продолжи квалификациите.
На крајот заврши како 11-ти што е негов најлош пласман од Муџело во 2015 година. Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата додека зад него ќе започнат Маверик Вињалес и Франко Морбидели,