Шпанецот ја скрои тактиката за убедлива победа

0

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалес, по стартниот триумф против Јапонија на СП во Германија и Данска, нагласи дека ќе мора да се корегираат одредени делови од нашата игра и тоа пред се во одбраната.

„Сакам да им честитам на моите ракометари за победата. Нашиот голман беше одличен во почетокот, стигнавме до пристојна предност, но, потоа се заморивме“ – вели Раул.

„За мене нема поделба на стари и млади ракометари, за мене и Кире е млад. Ние имавме позитивни моменти, но, и противникот покажа квалитет. Победата со девет голови е сосема реална“ – потенцираше Гонзалес.

Share.

Leave A Reply