Шпанецот ќе оди на планирано лекување

0

Светскиот рекет број 1 и носител на 16 титули од тениските Гренд слем турнири, Рафаел Надал, ќе се подложи на превентивно лекување на коленото до крајот на годинава.Тоа го потврди неговиот доктор, Анхел Руиз.

„Таков е спортот. Доаѓате на крајот на годината со физички проблеми и турнирот станува уште потежок и комплициран. Најдоброто нешто за Рафа е да се одмори дома, да ја заврши сезоната и да ја обнови енергијата за 2018 година. Да тренираш не е исто како да играш, дури и да немаш проблем на тренингот, може да се појават такви за време на мечот“ вели докторот на Надал.

„Ќе извршиме повеќе тестови и ќе ја избереме вистинската програма, тоа е еден вид на превентивен третман. Годинава тој имаше неверојатна сезона и одигра помалку мечеви во споредба со повеќето тенисери, одлука е коректна “, коментира лекарот Анхел Руиз.

Share.

Leave A Reply