Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, иако има ѕвезден состав, вели дека неговите фудбалери не се подготвени да го подигнат победничкиот пехар во Лигата на шампионите.
„Многу луѓе велат дека треба приоритет да ни биде Лигата на шампиони, но, ние не сме подготвени да ја освоиме. Изминатите две сезони постигнавме многу голови, но, мораме да се надградуваме“ – вели тренерот на „граѓаните“ пред утрешниот меч со Аталанта во групната фаза во ЛШ.
Неговиот тим две сезони по ред ја освои Премиер лигата, но, не успеа да се наметне во трката за победничкиот пехар во елитната конкуренција на Стариот континент. Сити две сезони по ред не ја помина четврт-финалната фаза.