Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, запрашан дали ќе остане долго на „Олд Трафорд“, одговорил дека се чувствува одлично во екипата. Според англиските медиуми, Шпанецот сепак, одбил да каже дали има долгорочни планови поврзани со „црвените ѓаволи“. Неговиот договор ќе истече догодина а клубот има опција да го продолжи за уште 12 месеци.
„Многу ми се допаѓа во Манчестер. Тука фановите се одлични, многу сум среќен што играм во еден од најголемите клубови во светот” – изјави голманот.
Луѓето од „Олд Трафорд” се убедени дека ќе му го продолжат договорот на 27-годишниот Шпанец иако досегашните преговори не ги донесоа посакуваните резултати. Проблем се финансиите бидејќи Де Геа сака зголемување на платата која во моментов му изнесува околу 180.000 фунти неделно.