Шпанија е патоказ за дуелот со Исланд

0

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20.45 ч.) ќе го одигра и четвртиот натпревар на Светското првенство во Франција. Пред нас е селекцијата на Шпанија, која како голем фаворит влегува во вечерашната пресметка.

Македонија по двата стартни триумфа над Тунис и Ангола, одигра слаб меч против Словенија и го претрпе првиот пораз. Но, благодарение на ремито кое Словенците го извлекоа синоќа против Тунис, Македонија го завери пласманот во осминафиналето, па сега целта е третата позиција до која може да се дојде со победа над Исланд во последното коло.

Од тука произлегува и дилемата, дали вечерва селекторот Червар ќе влезе во мечот со Шпанија со сите сили, или ќе тактизира пред утрешната пресметка со „рибарите“.

Share.

Leave A Reply