Шпанија има најмногу ТОП 50 тенисери за 2017-та

0

За првпат од 2003 година, само три тенисери за првпат во својата кариера ќе ја завршат годината во ТОП 5 на АТП листата. Тоа се бугарскиот прв рекет Григор Димитров (3), германскиот тенисер Александар Зверев (4) иДоминик Тим од Австрија (5). Исто така, за првпат по 1997 година, пет од тенисерите кои се меѓу десетте најдобри на АТП листата на крајот на годината, таму се најдоа за првпат.

Втора година по ред, во однос на бројот на тенисери во ТОП 100, води Франција со 10 играчи (6 – во првите 50). На второто место се САД (9), на трето Германија и Шпанија  со по 8. Интересно, во ова категорија Шпанија има најмногу играчи во ТОП 50, дури 7.

По рекорден седми пат, Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер ќе ја завршат годината на првите две места.

Share.

Leave A Reply