Шпанија не знае за пораз на „Бернабеу“ 32 години

0

Шпанската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Шведска со 3:0 во квалификацискиот натпревар за Евро 2020, а со тоа го продолжи рекордот на непобедливост кога игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Имено, ова беше осма победа во последните осум натпревари на на стадионото на Реал Мадрид во последниот век.

Последен пат Шпанците загубија меч на „Сантијаго Бернабеу“ пред повеќе од 32 години. Тоа се случи на 18 февруари 1987 година, во натпревар против Англија (2:4).

Share.

Leave A Reply