Шпанија остана и без Асенсио за мечевите со Норвешка и Малта

0

Фудбалерот од средниот ред на Реал (М) Марко Асенсио не ќе може да игра на претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2020 со Норвешка и Малта. Според шпанските весници, за време на еден од тренинзите со националниот тим, фудбалерот се повредил.

Претходно, поради болест од селекцијата отпадна и Фабиан Руиз, а на негово место енрике дополнително го повикаСаул Нигез.

Резервниот голман на репрезентацијата на Шпанија, Пау Лопез, исто така, е повреден.

Натпреварот меѓу Шпанија и Норвешка ќе се одигра на 23 март, а Малта – Шпанија, три дена подоцна.

Share.

Leave A Reply