Шпанија посилна за Агинагалде за мечот со Македонија

0

Пивотменот на репрезентацијата на Шпанија, Хулен Агинагалде иако е на листата на повредени ракометари, најверојатно ќе се најде меѓу играчите кои ќе бидат пријавени за утрешниот меч со нашата репрезентација во Вараждин.

Последните информации од Хрватска велат дека Шпанците ќе успеат да го оспособат Агинагалде за настап особено што тој ќе биде неопходен за овој дуел кој може да биде клучен за настап во полуфиналето.

Пивотот на Киелце се повреди уште на стартот на шампионатот и не беше во можност да им помогне на колегите за дуелот против Данска.

Share.

Leave A Reply