Селекторот на „црвената фурија“, Жорди Рибера, очекувано ги изостави ветераните Штербик и Македа од конечниот список за Светското ракометно првенство во Германија и Данска кое ќе започне кон средината на јануари.
Познато е дека Шпанија ќе и биде противник на Македонија во групната фаза во Минхен заедно со селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. Рибера се определи да им укаже доверба на голманите Гонзало (Барселона) и Коралес (ПСЖ). Во бековската линија ќе конкурираат: Раул Ентрериос (Барселона), Сармиенто (Сант Рафаел), Кањелјас (ПИК Сегед), Даниел Душебаев (Киелце), Алекс Душебаев (Киелце), Гои (Аикс), Гурбиндо (Нант).
На крилните позиции ќе бидат активни: Арињо (Барселона), Фернандез (Киелце), Соле (Тулуз) и Алекс Гомез (Барселона) додека на пикерската позиција ќе настапуваат: Виран Морос (ПСЖ), Гедеон Гвардиола (Рајн Некер Левен) и Агинагалде (Киелце)