Шпанија во најсилен состав доаѓа во Скопје

0

Фудбалската репрезентација на Шпанија која е нашиот селден противник во квалификациите за СП во Русија ќе дојде во Скопје во својот најсилен состав. На 11 јуни, Шпанија ќе игра квалификациски дуел против Македонија, во рамките на циклусот квалификации за пласман на СП во Русија следната година.

Селекторот на Шпанија Хулен Лопетеги го објави списокот од 25 играчи кои ги повика за анстапот против Македонија. На овој список се најдоа и најголемите ѕвезди на шпанскиот фудбал.

На списокот на Лопетеги се најдоа следните имиња:
Голмани: Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао).

Одбрана: Жорди Алба (Барселона), Цезар Аспиликуета (Челси), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Игнасио Монреал (Арсенал), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Жерар Пике (Барселона), Начо Фернандез (Реал Мадрид).

Среден ред: Серхи Роберто (Барселона), Иско Аларкон (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Асиер Илјараменди (Реал Сосиедад), Андрес Иниеста (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Иаго Аспас (Селта), Жерар Делофеу (Милан), Давид Силва (Манчестер сити).

Напад: Витоло (Севилја), Педро Родригез (Челси), Алваро Мората (Реал Мадрид), Диего Коста (Челси).

Share.

Leave A Reply