Шпанија во шок! Отказ за Лопетеги на ден пред СП во Русија

0

На само ден пред почетокот на светското првенство, шок во Шпанија. Шпанската фудбалска федерација му врачи отказ на селекторот Жулиен Лопетеги.

Челниците на федерацијата се почувствуваа изневерени откако Реал (М) вчера и официјално објави дека Лопетеги по завршувањето на Мундијалот ќе биде нивен нов тренер. Лопетеги пред само еден месец го продолжи договорот со Шпанија за нови 2 години, но тоа очигледно не беше пречка тој да го одбере Реал.

Во текот на утрово беа водени интензивни разговори, фудбалерите цврсто застанаа во одбрана на селекторот, но тоа не го поколеба новиот претседател на федерацијата, Луис Рубиалес.

„Принудени сме да го раскинеме договорот со селекторот на репрезентацијата. Постојат некои правила на однесување. На два дена до СП не смееме да дознаеме дека селекторот си има клупски ’дил’“, изјави Рубиалес.

Share.

Leave A Reply