Шпанскиот стратег е искрен во проценките

0

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, гласно размислува околу неговата иднина во англискиот клуб. „Граѓаните“  најверојатно нема да ја одбраната титулата во Премиер конкуренцијата додека во Лигата на шампионите ги чека голем предизвик и двомечот со Реал Мадрид.

„Ако не го елиминирам Реал Мадрид, може да дојде газдата на Сити и да ми рече: Не си доволно добар, ќе добиеш отказ. Навистина не знам, такви работи се случуваат во фудбалот. Од друга страна, може да дојде и да биде задоволен, да каже дека сме одиграле добро“ -изјави Гвардиола.

„Има големи тренери кои не работат во добри тимови. Јас сум добар тренер, но, не и најдобар“ – потенцираше меѓу другото тренерот на Манчестер Сити.

Share.

Leave A Reply