Шпанскиот тренер му ја честиташе победата на Нексе

0

Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, потенцира дека Нексе сосема ја заслужи победата на вчерашната пресметка во Хрватска во рамките на регионалната  СЕХА конкуренција.

„Нексе одигра добар меч, посебно во второто полувреме. Нивниот голман беше фантастичен. Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, имаме уште еден натпревар во вторник, потоа ќе започнеме да мислиме на Ф4-турнирот“ – вели шпанскиот тренер.

„Би сакал да им честитам и на моите играчи за тоа што го покажаа иако имаат тежок период исполнет со многу натпревари“ – потенцираше тренерот на „вардарци“.

 

Share.

Leave A Reply