Новото издание на кошаркарската Евро-лига ќе започне на 3 октомври со дуелот во Москва меѓу рускиот состав Химки и израелскиот Макаби Тел Авив. Од воведната рунда вреди да се издвои и дербито меѓу шпанскиот тим Реал Мадрид и турскиот Фенербахче како и мечот во Истанбул меѓу Анадолу Ефес, патем кажано учесник во последното финале и шпанскиот состав Барселона.
Еве ги другите двојки за првото коло : Баерн Минхен – Армани, Алба – Зенит, Асвел – Олимпиакос, Жалгирис – Басконија, и Панатинаикос – Црвена Ѕвезда.
Новата сезона во Евро-лигата ќе се реализира по нов систем со 18 екипи а шампионот ќе се добие по завршниот Ф4 турнир во Келн.