Вили Коул-Штајн се надева дека летово ќе го напушти тимот на Сакраменто и со тоа ќе стане слободен кошаркар, потенцираше неговиот агент задолжен за трансфери, Монтгомери.
„Се надеваме дека нема да му понудат договор, навистина му треба нов почеток. Мислам дека тој мора да оди напред. Благодарни сме за можноста што ја имавме досега и што соработувавме со Сакраменто, но, сега цениме дека треба да работиме во нова средина“ – потенцираше Монтгомери.
25-годишниот Вили Коул-Штајн кој пред четири сезони беше избран како шести пик на драфтот од екипата од Калифорнија, досега во НБА лигата има во просек 10,1 кош, 6,4 скокови и 0,8 блокади.