Штајнер: ореолот треба да овозможи безбедност на возачите

0

Хас ќе го тестира ореолот за време на тренинзите за Гран При на Бразил, со што ќе биде последниот тим кој го тестирал концептот за заштита на пилотите во Формула 1.

Во моментов тоа е само идеја и нејзиното воведување е одложено за 2018 година иако не е сигурно дали и тогаш ќе стане реалност. Шефот на тимот, Гинтер Штајнер, изјави: Планираме Ромен Грожан да вози со ореолот на првиот тренинг на „Интерлагос“. Сите имаат потреба од тоа искуство и се радуваме дека ќе се приклучиме кон останатите тимови.

Штајнер потврди дека во Бразил ќе се тестираат и кочниците од различни производители.

Share.

Leave A Reply