Штајнхаус ќе суди мечеви во германската фудбалска елита

0

38-годишната, Биби Штајнхаус, од наредната сезона ќе биде првата жена главен судија во фудбалската Бундес лига на Германија .

Таа досега беше активна во второлигашкото дружтво а често пати ја имаше и улогата на четврти судија во елитата на Германија. Интересно е тоа што Штајнхаус му е интимна пријателка на популарниот судија, Хауард Веб, кој до неодамна водеше средби во Премиерлигата и на меѓународните турнири.

„Многу сум возбудена. Секогаш сонував да бидам судија во Бундеслигата”, изјави девојката на Веб.

Share.

Leave A Reply