Штејнер: не очекува интересен шампионат

0

Гинтер Штајнер, шефот на американскиот тим Хас во Формула 1, вели дека очекува жестока битка во новата сезона посебно од петото до осмото место.  Хас постигна добри резултати за време на зимските тестови и се појави како скриен фаворит за да доминира во средината на табелата.

„Ние треба и можеме да го постигнеме тоа. Во изминатата година завршивме осми, но, бевме во борбата за шестата позиција. 8 поени – не е многу и не е трагедија” – вели Штајнер.

Според прогнозите на Штајнер, битката за шампионската титула ќе се води меѓу Мерцедес, Ферари и Ред Бул додека Хас и Рено ќе ја чекаат шансата од втор план.

 

Share.

Leave A Reply