Штербик: Имам убави спомени од настапите во Веспрем

0

Голманот на ракометниот состав Вардар, Арпад Штербик, од 1. јули во наредната година ќе застане на голот на Веспрем и ќе започне да го одработува двегодишниот договор. Веста ја потврдија и унгарците на нивниот официјален сајт.

„Имав неколку понуди, но, не можев да го одбијам повикот од Веспрем. Тој беше мојот прв сериозен клуб со кој прв пат играв во Лигата на шампионите. Тоа беше одлично искуство. Имав многу убави моменти“ – вели Штербик.

„Можам да ветам дека ќе го давам најдоброто од себе, моите амбиции секогаш се големи. Сакам да му помогнам на Веспрем да дојде до првата титула во Лигата на шампионите“ потенцираше голманот на актуелниот европски шампион Вардар.

 

Share.

Leave A Reply