Штербик ја игра последната сезона, па заминува во пензија

0

Иако повеќе пати ги негираше вестите во печатот, се чини дека на крајот на сезоната Арпад Штербик, сепак, заминува во пензија. Голманот на Веспрем и на реперезентацијата на Шпанија отворено најави дека размислува за пензионерските денови.

40-годишниот голман за својата одлука веќе зборуваше во унгарските медиуми.

„Ако ја ставам дланката на моето срце, можам да кажам дека размислував за овој потег и пред четири или пет години. Сепак, секогаш имаше нешто што ме водеше напред. Не ме сфаќајте погрешно, не ми пречи ниту една секунда што сум останал на теренот. Ракометот стана дел од мојот живот и така ќе остане, дури и ако не сум на голот. Со доаѓањето на Родриго Коралес следното лето, ќе се формира стабилна голманска двојка и мислам дека време е јас да се повлечам“, изјавил легендарниот голман.

„Две убави деца и прекрасна сопруга ме чекаат дома. Зошто да бидам тажен? Би сакал и нашите навивачи да не бидат тажни. Јас не одам далеку, ако треба секогаш ќе бидам подготвен да се вратам. Само ќе внимавам да не се здебелам“, вели Штербик.

Share.

Leave A Reply