Легендарниот ракометен голман, Арпад Штербик, кој своевремено со нашиот Вардар ја освои Лигата на шампионите, потврди дека ќе се повлече од терените.
Штербик соочен со целата ситуација поврзана со пандемијата на корона-вирусот, нагласи дека неговото тело не може да одговори на предзивиците и дека по паузата нема намера да се врати меѓу стативите. Штербик како на репрезентативно така и на клупско ниво се вбројува меѓу еден од најтрофејните голмани.
„Донесов тешка одлука. Ми се чини дека мечот со Татабања беше последниот во мојата кариерата. Жал ми е што нема да играм барем уште еден фајнал-фор од Лигата на шампионите“ – потенцираше Штербик.