Штербик, повторно, во „идеалните 7“ на колото во ЛШ

0

Голманот Вардар, Арпад Штербик, повторно се најде во изборот на најдобрите ракометари од тековното коло во Лигата на шампионите. На вчерашниот дуел со Кристијанштад во Скопје, арпад беше најзаслужен за новиот успех на „црвено-црните“ и сосема заслужено беше избран во „идеалните 7“ на ЕХФ.

Покрај Штербик во идеалната „седумка“ на 14. коло од ЛШ се најдоа и левото крило на ПИК Сегед, Јонас Калман, левиот бек на Веспрем, Момир Илиќ средниот бек на Силкеборг, Себастијан Скубе, десното крило на Барселона Виктор Томас, десниот бек на Монтпејле, Јуре Доленец, како и пикерот на Силкеборг, Михаел Кнудсен.

Share.

Leave A Reply