Штербик: Секој бод е важен, особено овие од Сегед

0

Ракометарите на Вардар во продолжението од Лигата на шампионите гостуваат во Унгарија. Следен ривал е екипата на ПИК Сегед. Дуелот се игра утре од 17.30 часот, а за Вардар секој меч во оваа фаза е дерби.

Од гостувањето во Унгарија ќе биде познато колку „црвено-црните“ се блиску до освојување на првото место, што би овозможило директно место во четвртфиналето, без да се игра во осминафиналето.

„ Ако победиме во Сегед би имале добра позиција и до крај да ги одиграме другите три меча позитивно, потоа би ја исполниле целта да бидеме во горниот дел од табелата. Ако загубиме во Сегед можеме во недела да бидеме и четврти. Тука секој бод е важен и сега гледаме колку ни требаа бодовите во Загреб. Нашиот ривал е добра екипа и одличен тренер, и ретко која екипа го добива таму натпреварот. Се надевам дека ќе влеземе добро и ние голманите ќе помогнеме на натпреварот“, вели Арпад Штербик, голманот на Вардар.

Share.

Leave A Reply