Во пресрет на Ф4 викендот во ракометната Лига на шампиони, денеска во Келн беше преставен и Ол-Стар тимот на оваа сезона во избор на фановите.
Сосема очекувано, оваа година на голманската позиција во тимот на ѕвездите на сезоната се најде вардаровиот чувар на мрежата, Арпад Штербик. Покрај него, во изборот доминираат ракометарите на ПСЖ. Дури четворица парижани се најдоа во „Дрим тимот“ и тоа: Никола и Лука Карабатиќ, Генсхајмер и Сагосен.
Останатите членови на тимот на сезоната се Мирхул од Скјерн и Мем од Барселона. Најдобар тренер е Патрик Канаје од Монпелје.