Уште еден македонски борач се закити со злато на балканското првенство за ученици и кадети во Сараево. Откако вчера Бесир Алили го освои златниот медал во категоријата (-48 кг), денеска и борачот на БК Балканец Штип, Стефан Штерјов го освои првото место и се закити со златниот медал во категоријата (-44 кг).
Штерјов почна сопобеда во четвртфиналето против Стефан Стојанов од Македонија. Потоа, во полуфиналето триумфираше против борач од Бугарија, а во финалето со резултат 5:4 го совлада борачот С. Боке од Турција.