Што ќе одлучи ИОК околу учеството на Русите на ЗОИ?

0

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) на 5 декември ќе ја објави одлуката во врска со учеството на руските спортисти на Зимските олимписки игри во Пјончан (Република Кореја), објави денеска прес-службата на ИОК.

-Одлуката за учество на руските спортисти на зимската олимпијада ќе биде донесена за време на седницата на Извршниот комитет по сослушувањето на извештаите на двете комисии. Прес-конференцијата на која ќе биде објавена официјалната одлука ќе се одржи на 5 декември”, се вели во соопштението на ИОК.

Ќе потсетиме дека Зимските Олимписки Игри во Пјончан (Република Кореја) ќе бидат реализирани догодина од 9 до 25 февруари.

 

Share.

Leave A Reply