Што ќе одлучи судот во Лозана?

0

Нашиот фудбалски интернационалец во Динамо Загреб, Аријан Адеми, денеска ќе ја дознае одлуката на Меѓународниот спортски суд во Лозана дали ќе му биде прифатена жалбата за 4-годишната суспензија.

По мечот со Арсенал во Лигата на шампионите, беше објавено дека Аријан е позитивен на допинг-тест а казната беше ригорозна. „Немаме никакви информации и не знаеме каква е одлуката. Некако тајно се работи во комисијата која одлучува, но, сигурни сме дека суспензијата ќе биде укината.Имаме цврсти аргументи дека Адеми не е виновен“, велат од неговиот клуб.

Адеми нема право ниту да тренира со екипата од Хрватска.

 

Share.

Leave A Reply