Англискиот фудбалски состав, Арсенал, внимателно ја следи ситуацијата со Хамес Родригез откако германскиот весник – „Кикер“, објави, дека Баерн Минхен нема намера да го откупи напаѓачот кој игра како позајмен од Реал Мадрид.
Сега се појавија првите шпекулации дека тренерот на „топчиите“, Унај Емери, сака да го ангажира Колумбиецот иако тој од неодамна се соочува со повреда на лигаментите.
Медиумите објавија дека лондончани се подготвени да испратат понуда од 90 милиони евра за да го купат Родригез. Во исто време, играчот на Арсенал, Арон Рамзи, се наоѓа на радарот на Баерн Минхен.