Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Иско, кој имаше непријатни сцени со навивачите откако беше исвиркан на последниот меч одигран во Лигата на шампионите против Московјани, најверојатно ќе добие зелено светло да си замине од тимот уште во јануари.
Медиумите во Шпанија предвидуваат дека Иско нема да се појави на утрешната средба против Рајо Валјекано и дека во текот на зимата најверојатно ќе може да си побара нов клуб. Покрај конфликтот со навивачите на „Сантијаго Бернабе“, репрезентативецот на Шпанија од претходно има лоши односи и со аргентинскиот тренер, Солари, кој главно го држи на клупата за резерви. По таквиот развој на настаните, атмосферата допонително ја влоши и изјавата на легендарниот играч на Барселона, Ривалдо.
„Ако се прашувам јас, веднаш би го довел Иско во Барселона иако тоа би била компликувана ситуација“ – изјави Бразилецот.