Што се случува во Лацио ? Осум играчи не се појавиле на тренинг !

0

Ден пред пресметката со Бриж во Лигата на шампони, дури 8 играчи на Лацио не се појавиле на денешниот последен тренинг пред заминувањето на екипата на пат кон Белгија.

Медиумите во Италија се сомневаат дека станува збор за случај или случаи на коронавирус. Станува збор за играчите Чиро Имобиле, Луис Алберто, Андреас Переира, Лукас Леива, Мануел Лазари, Данило Каталди, Луис Фелипе и голманот Томас Стракоша. Во попладневните часови екипата треба да полета од Рим кон Белгија. За 18.45 е закажана официјалната прес-конференција, аод 19 часот треба да гоодржат единствениот тренинг на стадионот „Јан Бејдел“ во Бриж.

Досега клубот не објави ништо на оваа тема. Можеби се работи само за одлука на тренерот да им даде дополнителен одмор на овие играчи по првенствениот натпревар кој го имаа изминатиот викенд, односно она што ги очекува во Лигата на шампионите. Натпреварот меѓу Клуб Бриж и Лацио треба да се игра утре со почеток во 21.00 часот.

Share.

Leave A Reply