Штох го задржа победничкиот ритам

0

Камил Штох од Полска ја оствари и третата победа на 66-то издание на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“ со што направи голем чекор кон одбрана на победничкиот пехар од изминатата сезона.

Тој по успехот во Германија во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, денеска беше најдобар и на 130-метарската скокалница во австрискиот Инсбрук. Второто место му припадна на Норвежанецот, Андре Даниел Танде а третото на Германецот, Андреас Велингер.

Во вкупниот пласман на турнејата лидер е Штох со 833,2 бода, пред Андреас Велингер со 768,7 и Јапонецот, Јуширо Кобајаши со 765,7. Новогодишната турнеја – „четири скокалници“, ќе заврши на 6 јануари во Бишосхофен.

 

Share.

Leave A Reply